Бензините поскапуваат за половина денар, цената на дизелот останува непроменета
За половина денар се зголемува малопродажната цена на бензините, а на дизелот и екстра лесното масло за домаќинства останува непроменета.
Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС 95 од ноќеска на полноќ ќе изнесува 67 денари за литар, на Еуросупер БС 98 ќе биде 69 денари. Дизелот ќе продолжи да се продава по 61 денари, а екстра лесното масло за домаќинство по 51 денар за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува и ќе изнесува 31,8 денари за килограм.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 1,61 отсто, кај дизелот има намалување во просек за околу 0,07 отсто, кај екстра лесното масло намалување во просек за околу 0,05 отсто и кај мазутот намалувањево просек за околу 3,09 отсто.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 55,43 денари и е за 0,033 отсто понизок од курсот на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација