Бензините и дизелот од ноќеска поскапи за два денара
Малопродажните цени на бензините на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 2,00 ден/лит, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 ден/лит, а малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,375 ден/кг и сега ќе изнесува 37,155 ден/кг, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Од ноќеска на полноќ ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе се продава по 73,50 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС - 98 75,50 денари за литар, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 66,00 денари за литар,а маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 65,50 денари за литар.
Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 23.4.2025 година.
Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Ново на Сител
-
Царината наплати над 190 милиони евра во април – речиси 13 милиони повеќе од лани
-
АХВ казни 14 месарници – Уништени над 300 килограми небезбедна храна
-
Мапирање на диви депонии со помош на вештачка интелигенција - пилот проект во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Благоја Ралповски, KСС
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Средба Мицкоски - Таравари во текот на неделава