Loading Video...
Спорт плус
4. April 2020 - 16:11

Белорускиот спорт засега пркоси на Ковид-19

И додека пандемијата на Корона вирусот речиси го парализира целиот свет кога во прашање се спортските настани, засега единствени кои му пркосат на вирусот се Белорусите. Но, прашање е до кога?
 
Белорусија е единствената земја во Eвропа каде сеуште се одигруваат спортските натпревари и тоа со присуство на публика. 
 
Белоруското министерство за здравство, ја отфрла идејата за рестрикции и карантин. Но, денеска доаѓа информацијата дека, фудбалскиот дуел меѓу Витебск и Смолевичи, закажан за утре, ќе се игра во Борисов.
 
Според тамошните медиуми причината е дека две од четирите жртви на Корона вирусот во Белорусија се од градот Витебск. Но, од Белоруската фудбалска федерација тврди дека средбата е одложена поради лошите временски услови во Витебск.
 
Од друга страна, Ракометната федерација на оваа земја размислува за прекин на шампионатот. 
 
Имено по анкетата која ја направила тамошната федерација, најверојатно мечот меѓу Гомел и Мешков Брест што треба да се одигра доцна попладнево, ќе биде последниот во првенството на Белорусија.