Свет
23. September 2015 - 11:10

Белгискиот парламент е евакуиран поради закана за поставена бомба

Старата зграда на сојузниот Парламент во Брисел е евакуирана утринава поради пријава дека во неа има поставено бомба. 

Влезот во зградата го контролира полицијата, додека специјални екипи со помош на кучиња-трагачи ја пребаруваат внатрешноста на објектот, кој главно се користи за приеми и слични церемонии.

Властите засега не соопштиле никакви детали за начинот како ја добиле информацијата за бомбата, ниту до кога зградата ќе биде блокирана.