Свет
4. February 2020 - 11:05

Белгијанец кој се врати од Вухан заразен од коронавирус

Белгијанец, еден од деветмината кои пред два дена се евакуирани од кинескиот град Вухан, е позитивен на коронавирус, соопшти денеска белгиската здравствена агенција.

Сите деветмина белгиски државјани ги поминале анализите во Воената болница во Брисел.

Кај осмина од нив тестовите се негативни.

Од епидемијата на коронавирус во Кина починаа 425 лица, а над 20.000 се заразени.

Случаи на коронавирус се регистрирани во повеќе од 25 земји, а покрај Кина, најмногу има во Јапонија (20), Тајланд (19) и Сингапур (18).