Белгија со анализи да му даде заштита на Пуџдемон
Каталонскиот лидер Карлес Пуџдемон може да побара заштита во Белгија, а за тоа ќе одлучи белгиски суд, изјави белгискиот државен секретар задолжен за миграциски и прашња за азил Тео Франкен.
Тој прецизира дека ако Пуџдемон побара и добие заштита, белгиското право ќе го заштитува од екстрадиција. Франкен изрази сомневање за правичен процес против Пуџдемон во Шпанија.
- Засега нема молба од Пуџдемон, изјави тој.
Локални медиуми јавуваат дека во изминатите денови Пуџдемон би побарал заштита и оти изборот му бил Белгија, јави БТА.
Претходно, МНР на Шпанија го повика белгискиот амбасадор во Мадрид упатувајќи протестна нота поради коментар на белгискиот премиер Шарл Мишел за полициското насилство додека траеше референдумот за Каталонија. Белгиската Влада тогаш беше предупредена за можноста „билатералните односи сериозно да бидат нарушени“.
Ново на Сител
-
Претрес во Гевгелија, пронајдена дрога
-
АП Брера Струмица дебитира во младинската Лига на шампиони
-
Грција ќе забрани издавање нови дозволи за краткорочно изнајмување во центарот на Атина
-
Втор уписен рок за прва година на УКИМ, слободни места има на речиси сите факултети
-
Во Брисел продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина
-
Бразилски политичар удрил друг со стол за време на дебата
-
Влада: Исплаќаме 1 милијарда денари за заостанати субвенции од претходната влада
-
Напаѓачот на Трамп се криел во грмушките 12 часа пред да биде фатен