Белгија од денеска има вакцинирано два милиона граѓани против Ковид-19
Од денеска Белгија ќе ја постигне целта од 20 отсто вакцинирано население, изјави портпаролката на Штабот за вакцинација Сабин Стордер на денешната редовна прес конференција за Ковид-19., јави дописничката на МИА од Брисел.
По денешниот ден два милиони граѓани, или дваесет отсто од белгиското население, ќе биде вакцинирано.
-Земјата пред неколку недели воведе платформа која им овозможува на граѓаните да се пријават за вакцинирање на местото на оние кои одбиле вакцинација. На овој начин осум илјади граѓани како замена добиле доза, рече портпаролката.
Глобално во Белгија бавно се подобрува состојбата со епидемијата, но иако новозаразените и хоспитализираните се намалуваат, бројот на починати продолжува да расте, а одделите за интензивна нега се и натаму блиску до максималниот капацитет.
Загрижува и стапката на позитивност што се однесува на бројот на позитивни тестови, која е зголемена за 9,4 отсто за само една недела. Стапката на репродукција на вирусот е точно под еден, на 0,99. Кога оваа стапка надминува еден тоа е знак дека заразата забрзано се шири.
Ново на Сител
-
Бројот на заболени од грип во Струмица годинава речиси двојно поголем во споредба со истиот период лани
-
Намаленото ниво на езерото ги загрижи еколозите
-
Дрвокрадство во Прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Зошто храната е скапа?
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни