Фудбал
2. April 2020 - 19:51

Белгија го прекина првенството и го прогласи Бриж за шампион

Фудбалската федерација на Белгија одлучи да го заврши првенството додека некои федерации прават напори  за доигрување.

      Засега е познато дека титулата ќе му припадне на Бриж а второпласираниот Гент  ќе игра во Лигата на шампионите.

      За сега не е јасно кои екипи ќе играат во Лига Европа бидејќи за тоа требаше да одлучи плеј офот.  Иако не е објавено најверојатно нема да има испаѓање од првата лига но ќе се бара и место за екипите кои требаше да се пласираат во елитното натпреварување.

      Да потсетиме дека голем број клубови од Белгија соопштија дека се во тешка финансиска состојба и не се во можност да исплаќаат плати ниту да ја продолжат сезоната.