-->
-->
Белгија го ектрадира терористот Салах Абдеслам во Франција
-->
Белгиските власти го екстрадираа во Франција Салах Абдеслам, главниот осомничен за терористичките напади во Париз, каде го очекува судење, соопштено е денеска во Брисел.
Тој беше ранет, а потоа уапсен, за време на драматичната и опсежна рација на 18 март годинава, во Брисел, откако четири месеци се сокриваше.
Абдеслам (26) е роден во белгискиот главен град, но има француско државјанство. За него се знае дека живеел во Брисел, до пред извршувањето на терористичките напади.
На 13 ноември минатата година, во координирани напади со експлозив и огнено оружје, на неколку различни локации во Париз, беа убиени 130 лица, а десетици други беа повредени.
Одговорноста за сите напади ја презеде исламистичката милитантна група Исламска држава (ИД).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Околу 15 илјади кандидати полагаат мајчин јазик – Првиот испит од државната матура
-
Без струја дел од улицата од Центар
-
Финале на ЛШ: Рекорден триумф на Реал или последен победнички танц на Ројс со Борусија?
-
Хамас соопшти дека го одобрува планот на Бајден за мир во Газа, Израел испрати преговарачи
-
Трамп: Судењето беше многу нефер
-
Голем руски ракетен напад врз Украина
-
Состојба на патиштата
-
Сончево и ветровито, локално пороен дожд и грмежи кон крајот на денот