Белата куќа побара закон за блокирање пристап до воено оружје
Белата куќа побара од Конгресот, кој е под контрола на републиканците, да усвои закон со кој на екстремитите ќе им се оневозможи пристап до воено оружје, какво што е употребено во нападот извршен во неделата рано изутрина во геј клубот во Орландо.
- Постојат одредени работи поврзани со здравиот разум, кои Конгресот може да ги стори, а со кои би се отежнале можностите, кој било поединец да додје до воено оружје, изјави портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест.
Тој додаде дека претседателот на САД, Барак Обама „е мошне исфрустриран, а во некои случаи и гневен поради неактивноста на Конгресот“.
Во масакрот во геј клубот во Орландо се убиени, 49 лица, а ранети се 53. Злосторството го изврши Американец со авганистанско потекло Омар Матин, кој во размена на оган со полицијата исто така е убиен.
Ново на Сител
-
Санкционирани 144 непрописно паркирани возила на територијата на Општина Центар
-
Почина Квинси Џонс
-
Човечки скелет без глава е пронајден во шума во БиХ
-
По поразот од Пелистер, Захариевски повеќе не е тренер на ФК Вардар
-
ЦУК: Четиринаесет пожари на отворено, 1 989 повици на 112 во последното деноноќие
-
Повредените во Нови Сад сè уште се во тешка состојба
-
Пронајдени се планинарите кои се изгубија во тетовско
-
Министерот Муцунски во официјална посета на Република Чешка