Свет
30. March 2016 - 8:35

Бела куќа: Со неучеството на форумот за нуклеарна безбедност во Вашингтон Русија се самоизолира

Со својата одлука да не учествува на средбата на врвот за нуклеарна безбедност во Вашингтон, оваа недела, Русија се самоизолира и пропушта можности, соопшти Белата куќа, пренесува БТА..

- Одлуката на Русија да не учествува на високо владино ниво, според нас е пропуштена можност пред се за неа, изјави заменик советникот за националната безбедност во Советот за национална безбедност на Белата куќа, Бен Роудс.

„Се што прават, со своето одбивање да не учествуваат, е да се стават во изолација“, рече Роудс и забележа дека САД и Русија ќе продолжат да соработуваат и да ги разгледуваат прашањата од нуклараната безбедност.