Бизнис
4. December 2021 - 12:32

Бектеши: Се замрзнуваат цените на основните прехранбени производи

Министерот за економија, Крешник Бектеши преку социјалната мрежа Фејсбук информираше дека се замрзнуваат цените на основните прехранбени производи.

- Се замрзнуваат цените на основните прехранбени производи!

На предлог на Министерството за екомија, Владата на денешната седница донесе одлука за замрзнување на цените кои се применувале на 1 декември 2021 година, во трговијата на големо и трговијата на мало на:

- леб;

- шеќер;

- брашно – тип 400;

- сончогледово масло за јадење;

- трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%;

- свежо месо и сувомеснати производи;

- сирење и урда

Исклучени се цените на привремените попусти кои важеле на 1 декември 2021 година.

Оваа одлука ќе важи до 31 јануари 2022 година. - напиша на Фејсбук Бектеши.