Бизнис
15. September 2022 - 16:48

Бектеши најави струја по цена пониска од берзанската за бизнисот

Пакетот мерки за помош на бизнисот за полесно пребродување на енергетската криза, Владата ќе го објави крајот на месецот. Ќе биде наменета само за производствени и извозно ориентирани компании, за да ја задржат конкурентноста на странските пазари, но и работните места дома. 

Токму поради високите сметки за струја,  дел од компаниите ставија клуч на врата. Ако државата не помогне, има најава за стопирање на производоството кај останатите, почнувајќи од средината на октомври.

- Крајот на месецот треба да каже дали ќе продолжи со производство, на некои веќе им завршуваат договорите. Во секој случај, проблемот е ист кај сите, им треба помош од Владата, за да бидат конкурентни. Во соседните земји имаат утвредна цена за извозните компании од страна на државата, изјави Бранко Азески, претседател на Стопанската Комора

Приоритет за Владата е да обезебеди доволни количини струја, по пониска цена од берзанската, вели министерот Бектеши.

Веќе се преговара со соседните земји, а утре ќе се знае и цената на електричната енергија која Бугарија ќе ни ја даде.

- Сите напори кои ги правиме е да обезбедиме пониска цена од онаа на берзите. Количините ги обезбедивме од увоз,  но сега проблем е цената и затоа ги правиме сите напори со билатерални договори со соседните земји да обезбедиме пониска цена, изјави Крешник Бектеши, министер за економија

10 те најголеми  потрошувачи на струја  која ја набавуваат на слободниот пазар, денеска побараа помош од Владата. Одложено плаќање на ДДВто или субвенциоирање на дел од трошоците за струја се само дел од предлозите кои до вторник ќе му се достават на министерот Бектеши. За останатите мали и средни фирми, кои се на регулираниот пазар, и исто така имаат проблем со високите  трошоци за струја, не е предвидена помош. До крајот на годината за нив, како и за домаќинствата цената  утврдена од Регулаторната комисија останува непроменета.