Бектеши: Граѓаните на 191 можат да пријават ако има зголемување на цените на „замрзнатите“ производи
Министерот за економија Крешник Бектеши ги повикува граѓаните да пријават на бесплатниот телефонски број 191 на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во случај на драстично зголемени цени на основни прехранбени производи.
На оваа бесплатна телефонска линија сите граѓани можат да пријават неправилности кај трговците кои што не ја почитуваат Одлуката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи, напиша на својот Фејсбук профил министерот Бектеши.
Како што информираше министерот, согласно Одлуката за определување на највисоки цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало која што е објавена во Службен весник, започнувајќи од 06.12.2021 година се замрзнуваат цените кои се применувале на 1 декември 2021 година, во трговијата на големо и трговијата на мало на: леб, шеќер, брашно – тип 400, сончогледово масло за јадење, т рајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, свежо месо и сувомеснати производи и сирење и урда.
Оваа одлука, како што напиша министерот Бектеши на ФБ, ќе важи до 31 јануари 2022 година.
Ново на Сител
-
Денеска променливо облачно со температура до 23 степени
-
На државните патишта сообраќајот се одвива непречено
-
Мицкоски: Оваа Влада не ги дели граѓаните по етничка основа
-
Блинкен вели дека 8.000 Севернокорејци на границата со Русија се подготвени за борба со Украина
-
Донесен законот за неработна недела за трговците во Федерацијата Босна и Херцеговина
-
Алкалоид бележи позитивни финансиски резултати
-
УНИЦЕФ: Најмалку по едно дете гине секој ден во Либан
-
Уставниот суд укина одредба од Правилото за сместување и ред во Армијата која се однесува на слободно вршење на верски обреди