Македонија
9. јуни 2023 - 16:34

Бејли: Ќе се разочараме ако има ново вето

Ги разбирам фрустрациите, но патот кон  ЕУ оди преку уставните измени, дециден е поранешниот американски амбасадор Џес Бејли. 

Според него доколку државата сега не ги почне преговорите, не е јасно колку долго дополнително ќе биде одложено пристапувањето во ЕУ. Потсетува на искуствата со Преспанскиот договор, решение кое беше одложувано, но на крај се покажа како добро решение кое резултир

аше со интеграција на државата во НАТО структурите. 

„За жал, сега го имате ова бугарско вето за придвижување на процесот напред. Има јасно решение изнесено таму. Тоа решение не им се допаѓа на сите. Но, мислам дека пет години отсега со спроведување на уставните измени, пет години во иднина, луѓето ќе увидат дека тоа е позитивен чекор за земјата. Сфаќам дека многу луѓе се противат и сочувствувам со фрустрацијата на луѓето поради тоа“, вели Бејли.

Бејли, во интервјуто за „Гласот на Америка“ и со порака дека САД би биле разочарани доколку на патот на пристапувањето, Македонија би се соочила со ново вето.  Очекува темелен и легитимен преговарачки процес со покренување на низа реформи, особено во делот на правосудниот систем и владеењето на правото.

„Мислам дека САД би биле разочарани ако се случат натамошни постапки од ваква природа. Додека поминувате низ процесот и отворате поглавја, одредени земји ќе сакаат да се уверат дека самите критериуми се исполнети, така што ќе има и други прашања на патот. И затоа мислам дека е важно секое прашање да не се гледа како нелегитимно прашање меѓу земјите-членки, бидејќи тоа е дел од процесот“.

За Бејли е неспорно дека уставните измени ќе ја засилат позицијата на државата и нејзиниот имиџ на инклузивност. Според него проблем на Бугарија е што не го признава македонското малцинство и покрај пресудите во Стразбур.