Бебето на починатата родилка во стабилна здравствена состојба, комисија ќе го истражува случајот
Бебето чија мајка почина на 18 јануари за време на породувањето во приватната болница „Санте плус“ во Скопје, кое оттаму било донесено на Клиниката за детски болести, е во релативно стабилна здравствена состојба, прима терапија и се уште е приклучено на респиратор.
Ова за МИА го изјави директорката на Клиниката за детски болести, Катерина Ставриќ.
Од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) ЗА МИА информираа дека 31-годишната родилка од Кичево која од приватната болница била препратена кај нив, била донесена почината, по што телото е испратено на судско-медицинска обдукција.
Во врска со случајот со починатата родилка, Министерството за здравство информира дека се преземени сите законски мерки кои се во нивна надлежност, со цел комплетно испитување на случајот.
- За таа цел, веднаш беше формирана комисија за стручен надзор, која веќе го анализира од стручен аспект целокупниот третман на пациентката. По извршениот стручен надзор, извештајот од Комисијата се доставува до сите надлежни институции, а воедно јавноста ќе биде соодветно информирана, посочија од Министерството. /МИА
Ново на Сител
-
Скопјанец осомничен за обид за убиство на подмолен начин
-
Тошковски: Ставањето во функција на „Безбеден град“ е со цел да се подобри безбедноста на патиштата и да се намали бројот на жртви
-
Во Кина студент со нож уби најмалку осум лица, рани 17
-
Измамена велешанка - И кажале дека и следуваат 20 илјади евра, па пратила 600 евра
-
Притворен малолетникот кој на автобуски станици во Карпош со нож повредил двајца малолетници
-
Мигранти влегле во камион без знаеење на возачот и се обиделе да влезат во Македонија
-
Пронајдена дрога во Скопје, приведени повеќе лица
-
Мицкоски: Не знам дали е можен исчекор во евроинтеграциите до крајот на годината, но ќе сториме се да најдеме решение