Бдееја 4 месеци покрај нејзиното мртво тело, потоа се случи чудо
Сандра Педро сфати дека е бремена и отиде на лекар. Оваа Португалка живеела во пределот Брагадас веќе 8 години, со својот син.
Лекарите ја предупредија дека постои ризик за бременоста поради тоа што имала здравствени проблеми, односно имала проблеми со срцето и запаление на белите дробови. Дури еднаш била во кома, а го извадила и бубрегот поради тумор.
Сепак, имала 37 години и сакала да ризикува и да го роди бебето.
Таа во февруари имала мозочно крварење. Била на интензивна нега и на работ на смртта. Нејзиниот син останал покрај неа.
Сандра е прогласена за мртва на 20 февруари. И го направиле последниот ехокардиограм и откриле нешто шокантно и сигурно е прво откритие во Португалија и во светот. Виталните знаци на бебето биле позитивни. Срцето на бебето чукало и делувало силно. Лекарите не можеле да веруваат.
Резултатите од тестот се испратени во болницата во Лисабон каде е одлучено и договорено со семејството и таткото на ветото, да се продолжи бременоста за да се обезбеди природно живеалиште за фетусот.
Безживотната жена била на апарати и нејзиното тело функционирало за да се спаси бебето. Без сомнение семејството било под стрес, секој ден гледајќи ја мртва саканата личност. Било многу чудно што Сандра била клинички мртва, а сепак имало живот во неа. И токму затоа останале силни.
Таа практично била жив инкубатор. Нејзиното тело обезбедило дом за нејзиниот син, во кој бил безбеден и можел да се развива. Сепак тоа била тешка задача, и 80 лица од болницата се грижела 24 часа во денот да го одржат живо нејзиното тело.
И тогаш се случи. 107 дена подоцна предвреме е родено нејзиното бебе. Неговите витални знаци биле импресивни.
Кога биле сигурни дека бебето е здраво ја исклучиле мајката од апаратите и телото на Сандра е предадено на семејството за последно „Збогум“.
Ново на Сител
-
Цените на угостителските услуги во јануари на годишно ниво повисоки за 5,8 отсто
-
Каматната стапка на благајничките записи се намалува, останатите каматни стапки остануваат непроменети
-
Стабилно време со студени утра во наредните денови
-
При претрес кај 20-гoдишник пронајден калашников
-
Автомобил удрил во 66-годишна жена, завршила со тешки телесни повреди
-
ЈО: Претреси на повеќе локации - сомнежи за мито и проневери во службата
-
Акција: МВР врши претрес во зградата на МВР
-
Приведен екс директорот на СОЗР - се вршат претреси во неговиот дом