-->
-->
Бауер: Војната во Украина ќе стане битка меѓу квантитетот и квалитетот
-->
Шефот на Воениот комитет на НАТО, Роб Бауер, изјави вчера дека војната во Украина се повеќе ќе станува битка меѓу голем број слабо обучени руски војници со застарена опрема и помалубројни украински сили кои имаат подобро западно оружје.
Бауер изјави дека Русија сега распоредува значителен број стари тенкови Т-54.
„Меѓутоа, проблемот е што тие имаат уште многу тенкови Т-54. Она што сега ќе го видиме е дека Русите ќе се фокусираат, односно ќе треба да се фокусираат на квантитет, поголем број регрути. Во исто време, тие ќе мобилизираат слабо обучени војници со застарена опрема“, рече Бауер.
Во меѓувреме, Украинците „ќе се фокусираат на квалитетот, со западните оружени системи и западната обука. Тоа е голема разлика во наредните месеци“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Германците и турците најбројни туристи
-
Шестата по ред Парада на гордоста ќе се одржи на 21 јуни: Ќе (оп)стоиме заедно
-
Со голема парада Трамп ја славеше американската армија и својот роденден
-
„Марш на ангелите“ во Кочани
-
Тема на денот со Конрад Блејер Симон, експерт за странско мешање и манипулирање со информации
-
Ескалираат тензиите на Блискиот Исток
-
Кризен штаб поради Блискиот Исток
-
Мицкоски не сака да ја коментира истрагата за Кочани - СДСМ ќе добие одговор на изборите