Батут: Во август регистрирани речиси 100 нови случаи на морбили во Србија
Во текот на август во Србија се регистрирани 93 нови случаи на морбили, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“.
Во текот на август на територијата на Нови Пазар се регистрирани 88 случаи на мали сипаници, три во Тутин и два во Белград, се прецизира во извештајот.
Од почетокот на годинава до 31 август, во Србија е потврдено дека заболеле од сипаници вкупно 348 лица.
Најголем број заболени од мали сипаници се регистрирани на територијата на округот Раш (207), во рамките на епидемијата во Нови Пазар, која беше забележана на 7 мај годинава и на територијата на градот Белград (99).
Најголем број случаи (47,1 отсто) се во возрасната група од една до четири години, каде најголем дел од болните деца (97 отсто) биле невакцинирани.
Компликација во форма на пневмонија била присутна кај 11 пациенти. Два случаи на мали сипаници се потврдени кај деца од Република Српска кои се хоспитализирани во здравствените установи во Белград.
Ново на Сител
-
14 загинати, меѓу нив и Македонец при уривање на бетонска конструкција на железничката станица во Нови Сад
-
Како да се заштитите од фишинг напади?
-
Тема на денот со Малинка Ристевска Јорданова, експерт за ЕУ
-
По години чекање и живот во сенка, Бадема Барути доби македонско државјанство
-
Рокас: Политичките сили да се обединат за донесување на уставните измени
-
Ѓорѓиев: Дијалог постои, нова средба со историчарите кон крај на година
-
Македонија и Бугарија се договорија за железницата - ќе се ревидира проектот и цената за изградба
-
Обвинителството ќе ги проверува сертификатите на директорот на АНБ