Кошарка
16. July 2016 - 13:50

Баскет 3х3: Македонија во обид за пласман на ЕП

 
 
 Македонската баскет репрезентација 3 на 3 за играчи до 18 години денесво Рига, Летонија, ќе игра натпревари за пласман наЕвропското првенство во Унгарија.
 
За Македонија на овој турнир ќе настапат: Стефан Милевски, Стефан Вацев, Елвис Хот и Борис Вчков под водство на Абдураим Бајрактар.
 
„Црвено-жолтите“ ќе се обидат да го повтори успехот од минатата година кога беше изборен пласман на квалификацискиот турнир во Амстердам, за завршниот турнир од ЕП.
 
Противници на нашите „баскетџии“ќе бидат Полска, Украина и Белорусија.
 
Распоред на натпреварите за првата фаза:
16 јули Ц-група:
Македонија – Полска (10:15 часот),
Македонија – Украина (14:45) и 
Македонија – Белорусија (17:00)