Башбуг: ЦИА стои зад обидот за преврат во Турција
Поранешниот началник на турскиот Генералштаб, Илкер Башбуг, во интервју за Си-Ен-Ен Турк изјави дека обидот за пуч во Турција е организиран од страна на мрежата на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен - „Фето“ .
- Според мене метежот на 15 јули не е преврат, бидејќи не наликува на воените преврати. Според ништо не наликува на претходните преврати. Поради тоа јас не го одобрувам определувањето на метежот на 15 јули како воен преврат. Тоа е вооружен метеж на мрежата на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, истакна Башбуг.
Поранешниот началник на турската војска, изрази категорично мислење, дека ЦИА е „мозокот“ на обидот за преврат.
- Сметам дека ЦИА ја искористи Фето за да изврши напад врз турската војска. Војниците на Ѓулен, кои се влезени во турската војска, не дејствувале по своја волја, за никакви свои цели, како што и обично се случува при превратите. Нема никакви податоци за тоа, дека тие имале некакви свои цели и задачи. Многу јасно се гледа дека ова движење исполнува цели и задачи кои се дадени од надвор, објасни Башбуг.
Според неговите зборови, три воени групи учествувале во обидот за преврат.
Ново на Сител
-
Мота: Јувентус треба да бара постојаност во резултатите
-
Судот за спортска арбитража во април ќе ја разгледа жалбата на ВАДА за Синер
-
Диало ќе остане во Јунајтед уште пет години
-
Еден допир со топката на Нејмар го чини Ал-Хилал над милион евра
-
Традиционалниот Василичарски концерт вечерва на сцената на Националната опера и балет
-
Американските компании донираат средства за настраданите од пожарите во Калифорнија
-
Зеленски: Санкциите за руската нафта значително ќе влијаат на руското финансирање на војната
-
Протести по улиците на Братислава и другите словачки градови: „Словачка не е Русија“