Башар Асад очекува да остане на власт барем до 2021 година
Сирискиот претседател Башар ал Асад оценил дека ќе биде на власт во Сирија барем до 2021 година, и покрај граѓанската војна во земјата.
Во интервју за весникот „Њујорк тајмс“, Асад изјавил дека исклучува било каква политичка промена во земјата пред завршувањето на воениот пат на конфликтот, додавајќи дека ќе остане на функцијата најмалку до крајот на својот трет седум годишен мандат.
Тој ги обвинил САД дека е водечка сила која стои зад конфликтот во Сирија и дека активно ги поддржуваат терористичката организација Исламска држава и други екстремистички групи.
- Јас едноставно сум новинарски наслов - еден лош претседател, едно лошо момче, кое ги убива добрите момчиња. Познати ви се тие приказни. Но вистинската причина за соборување на владата е дека таа не им одговора на американските критериумии. додаде Асад.
Ново на Сител
-
Охридско лето денес слави 65 години роденден
-
Зголемен интересот кај штипјани за имунизација со ХПВ вакцина
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Кирил Михаилов, заменик директор во Национални шуми
-
ВМРО-ДПМНЕ го осуди настанот
-
Раста уапсен во Охрид, не стигна да настапи со Џејсон Деруло
-
Повторно гори кај Желино: Состојбата на другите места ширум државата е стабилна
-
Министерот за спорт барал Младинската олимпијада да не се одржи во Скопје