Фудбал
23. February 2016 - 12:53

Бартомеу се плаши од Премиер лигата

Претседателот на Барселона Џозеп Марија Бартомеу изјави дека Премиер лигата од наредната сезона ќе биде голема закана за останатите европски клубови што се однесува до купопродажбата на фудбалери. Според него Премиер лигата одлично послува и со 5-те милијарди фунти што ќе ги добијат клубовите од ТВ права ќе бидат најбогати на фудбалскиот пазар. 

„ Во Шпанија буџетите се различни и затоа на пример тешко е клуб како Лестер да биде на чело на табелата. Премиерлигашите  прават одличен бизнис и со навивачите што им носи и екстра профити“- смета првиот каталонец. 
Барселона е зад Реал Мадрид со 560 милиони евра на листата на најбогатите клубови во светот. Целта на каталонците е да го зголемат приходот на едан милијарда со што би биле уште посилни и побогати.