Фудбал
29. February 2016 - 9:08

Барселона со пресврт до триумф над Севиља

 
Екипата на Барселона ја врати разликата пред конкурентите на врвот на табелата, откако синоќа ја победи Севиља со 2:1, иако гостите први дојдоа во водство со голот на Витоло во 20.минута. Лионел Меси изедначи во 31.минута, а победата на Каталонците им ја донесе Жерард Пике со погодокот во почетните минути од второто полувреме.
 
На другите натпревари од 26.коло во Примера постигнати се следницве резултати:
Еибар – Лас Палмас 0:1,
Реал Мадрид – Атлетико Мадрид 0:1,
Хетафе – Селта 0:1,
Спортинг Хихон – Еспањол 2:4,
Бетис – Рајо Ваљекано 2:2,
Сосиедад – Малага 1:1,
Виљареал – Леванте 3:0,
Валенсија – Атлетик Билбао 0:3 и
Депортиво – Гранада 0:1.
 
Табела: Барселона 66 бода, Атлетико Мадрид 58, Реал Мадрид 54, Виљареал 52, Севиља 41, Селта Виго 41,...