Фудбал
16. October 2022 - 20:01

Барселона немоќна во Мадрид

Фудбалерите на Реал Мадрид се вратија на врвот во Ла Лига откако во славното Ел Класико ја совладаа Барселона со 3-1. 
Кралевите одлично тактички го одигираа натпреварот и лесно ги казнија грешките на противникот. 
Резултатот го отвори Бензема а до крајот на првиот дел Валверде со одмерен удар зголеми на 2-0. 
И во вториот дел Реал беше тимот што го контролираше мечот  и тоа во моментите кога Торес ја врати возбудата постигнувајќи гол за Каталонците за 2-1. 
Последниот гол домашните го постигнаа преку Родриго од пенал.