Македонија
24. November 2015 - 22:34

Барса со шест гола ја испрати Рома од „Камп Ноу’’

Екипата на Рома се замина од гостувањето на Камп Ноу со полна мрежа, откако Барселона уште еднаш го демонстрира својот квалитет кој резултираше со пет гола.

Луис Суарез и Лео Месе постигнаа по два погодоци, а во листата на стрелците се запишаа, Пике и Адријано за убедлив триумф на Барселона со 6-1 над Рома. Почесниот гол за Рома го постигна Босанецот, Џеко во 90-минута, кој десетина минути претходно не реализира пенал.
 
Покрај Барса, убедлив триумф оставрија и фудбалерите на Баерн кои трите од четирите гола против Олимпијакос ги постигнаа во првиот дел. 
 
Со овие победи, а на коло до крајот на групната фаза, Барселона и Баерн му се приклучија на Зенит  во 1/8 финалната рунда. Инаки, руската екипа ја оствари и петтата победа во ЛШ совладувајќи ја Валенсија.
 
 
Разултати и табели:
 
Е група: БАТЕ Борисов - Баер Леверкузен 1:1 и Барселона – Рома  6:1.
Табела: Барселона 13 бодови, Баер Леверкузен 5, Рома 5 и Бате Борисов 4.
 
Ф група: Арсенал - Динамо Загреб 3:0 и Баерн Минхен - Олимпијакос 4:0.    
Табела: Баерн Минхен 12 бодови, Олимпијакос 9, Арсенал 6 и Динамо Загреб 3. 
 
Г група: Порто - Динамо Киев 0:2 и Макаби Тел Авив - Челзи 0:4.    
Табела: Челзи 10 бодови, Порто 10, Динамо Киев 8 и Макаби Тел Авив 0.
 
Х група: Зенит Ст. Петерсбург – Валенсија 2:0 и Олимпик Лион - Гент 1:2.
Табела: Зенит Ст. Петерсбург 15 бодови, Гент 7, Валенсија 6 и Олимпик Лион 2.