Барние: Нема начин ЕУ и Лондон да склучат трговски договор пред Брегзит
Нема никаква можност Брисел и Лондон да успеат да склучат договор за слободна трговија до март 2019 година, кога Велика Британија ќе ја напушти Унијата, изјави главниот преговарач на ЕУ за Брегзит, Мишел Барние.
Коментирајќи го ставот на Лондон дека трговски договор ќе може да се потпише многу брзо откако Велика Британија ќе излезе од ЕУ, Барние го повтори официјалниот став на ЕУ дека во моментот на Брегзит ќе биде подготвена само „политичка декларација“ во која ќе бидат наведени идните трговски односи.
- Усогласувањето на договорот за слободна трговија ќе одземе повеќе време, изјави Барние и додаде дека не треба да има „никакво отстапување“ од страна на Велика Британија за висината на „сумата по разводот“ која беше договорена минатата недела, доколку Лондон сака да преговара за идните односи.
Барние изрази надеж дека на почетокот од следната година ќе може да претстави почетна варијанта на договорот за Брегзит
Ново на Сител
-
Линеарно зголемување на пензиите – 250 евра за студентите
-
Мицкоски: СДСМ е изведувач на ДУИ
-
Сиљановска: Независните се дискриминирани
-
Меџити: Ќе имаме свој кандидат за Скопје
-
Локализиран пожарот во Преспа
-
Тема на денот со Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
Македонија ги живее најтоплите денови: Пикот на топлотниот бран утре и задутре
-
Покачувањето на пензиите и ваучерите за студенти минуваат низ собранискиот филтер