Фудбал
16. November 2015 - 8:12

Бараж ЕУРО 2016: Унгарија по 44 години на Европско првенство

Фудбалската репрезентација на Унгарија по 44 години успеа да се пласира на Европско првенство откако синоќа и во реванш баражот на домашен терен ја победи Норвешка. На синоќешниот дуел беше 2:1, а вкупниот резултат е 3:1.
Головите за Унграија ги постигнаа: Тамаш Прискин во 14.минута и автогол на Маркус Хенриксен во 83.минута. Хенриксен во 87.минута беше стрелец и за Норвешка.
За ЕУРО 2016 има уште три слободни места, а на другите баражи играат:
Република Ирска - Босна и Херцеговина (1:1 прв натпревар - се игра вечерва)
Словенија – Украина (0:2) 
Данска – Шведска (1:2)