Бизнис
20. July 2015 - 12:29

Банката „Барклиз“ во следните две години ќе отпушти 30.000 вработени

Откако неодамна го отпушти својот извршен директор, Ентони Џенкинс, британската банка „Барклиз“ планира во следните две години да отпушти повеќе од 30.000 лица. 

Програмата за решавање на вишокот вработени, со која глобалната работна сила на банката до крајот на 2017 година ќе опадне под бројката од 100.000 работници, оценет е како единствениот исправен начин за отстранување на хронично лошото работење на банката, пишува британскиот весник „Тајмс“, повикувајќи се на извори од банката, а пренесуваат британските медиуми.

Според пишувањето на „Тајмс“, со отпуштањата најверојатно најпогодени ќе бидат вработените во административната служба.