Свет
13. December 2016 - 9:37

Бан Ки-мун вознемирен поради злосторствата во Алепо

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун е вознемирен поради непроверените извештаи за злосторствата извршени врз голем број цивили, вклучувајќи и жени и деца во сирискиот град Алепо.

Бан порача до завојуваните страни дека е мошне загрижен. 

- Тој му даде инструкции на својот специјален пратеник за Сирија да разговара со завојуваните страни, се вели во соопштението на ОН.