Бан Ки-мун: Решението за кипарскиот проблем е на дофат
Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун денеска во Лозана изјави дека решението за кипарскиот проблем е „на дофат но раката“.
- Решението е на дофат на раката, нагласи Бан на стартот на новата рунда преговори на лидерите на поделениот Кипар под покровителство на ОН, која се смета за последната добра можност да се стави крај на една од најдолготрајните политички кризи во светот.
Петдневните преговори во луксузниот објект во близина на Лозана ќе бидат насочени на територијалните спорови, кои повеќе од 40 години ги поттикнуват несогласувањата меѓу грчката и турската заедница на Кипар.
Овој медитерански остров е поделен од 1974 година, кога турските сили зазедоа територија во северниот дел на Кипар како одговор на пучот во Никозија, кој го поттикна Атина тежнеејќи кон приклучување на островот кон Грција.
Сегашниот мировен процес, со посредство на ОН, пред 17 месеци го почнаа лидерите на двете заедници Никос Анастаијадис и Мустафа Акинџи.
Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун уште преходно јасно стави до знаење дека сака конечен и траен договор да биде постигнат пред тој да замине од функцијата на крајот на годината.
Важниот мировен договор во 2004 година пропадна, кога предлогот, кој го поднесе тогашниот генерален секретар на ОН, Кофи Анан го прифатија мнозинството кипарски Турци, но кипарските Грци го отфрлија на референдум.
Анастасијадис минатата недела ги повика двете страни да ја искористат можноста, повикувајќи на напредок по прашањето за териториите, што би овозможило конечно решение.
Акинџи, чија Турска Република Северен Кипар е призната само од Анкара, исто така изјави дека напорите со цел решавање на кризата не можат да продолжат бесконечно.
- Ова не е нешто за што можеме по 50 години да расправаме уште 50 години. Сите се свесни за тоа, вклучувајќи ги и ОН, нагласи Акинџи.
Двајцата лидери во Лозана ќе се обидат да се договорат за внатрешните граници меѓу двете идни држави, што би овозможило враќање на некои области во северниот дел на Кипар на кипарските Грци.
Ново на Сител
-
Убиени ученици и наставници во пукање во училиште во Грац, напаѓачот си го одзел животот
-
Забранет е увоз на пилешко од Бразил и на месо од мали преживари од Албанија
-
Над 12 000 инспекциски контроли, уништени околу 56 тони небезбедна храна
-
Приведени тројца тетовчани - пронајдени пиштол, стотици куршуми, дрога
-
Кривична за градоначалникот на Росоман - фалсификувал исправи, купувал алкохол, млечни и сувомеснати производи за домашна потрошувачка
-
Рама: Почнавме со подготовките за Самитот на НАТО
-
30 дена притвор за Нацев, сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
Авионско прскање против комарци утре наутро во Скопје