Бан Ки-мун изрази загриженост од ограничувањата за мигрантите
Ограничувањата на границите, воведени во Европа со цел запирање на протокот на мигранти, се спротивни на меѓународното право и на општочовечката пристојност, изјави генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун.
За време на посетата во Мадрид, Бан изрази загриженост од ограничувањата на патот на мигрантите и рече дека секој кандидат за азил има право на индивидуално разгледување на неговото барање за азил.
Оваа изјава на Бан доаѓа откако грчката полиција рече дека 10.000 бегалци, од кои повеќето Сиријци и Ирачани се блокирани на граничниот премин Идомени со Македонија и оти се влошуваат тамошните услови. Неколку земји од т.н. балканска рута, пред се Австрија, воведоа ограничувања за бегалци во последните 10 дена и тоа предизвика метеж од мигранти на границата на Грција со Македонија и во самата Грција.
По повод прекинот на огнот во Сирија Бан Ки-мун изјави дека тоа се почитува, независно од поединечни инциденти, пренесе ТАСС.
Тој повика сите страни да ги почитуваат своите ветувања и доброволно да дозволат испорака на животноважната хуманитарна помош за опколените области, рече Бан. Според него, во 15 реонот на Сирија во блокада живеат речиси 500.000 луѓе.
- Многу од овие луѓе умираат од глад, поради тоа што не добиваат медицинска помош, изјави генералниот секретар.
Тој рече дека агенциите на ОН, заедно со партнерите, успеале да испорачаат во последните денови помош за 80.000 лица, а во наредните 5-6 дена ќе испорачуваат храна, лекови и производи од прва потреба за уште 140.000 луѓе во Сирија.
Ново на Сител
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела