-->
-->
Бан: Би сакал идниот генерален секретар на ОН да биде жена
-->
Генералниот сектретар на Обединети нации Бан Ки-мун изјави дека сака неговиот наследник да биде жена, што би било првпат од формирањето на Светската организација.
Тој наведе дека за изборот на жена за генерален секретар на ОН ќе решава 15-члениот Совет за безбедност.
Досега за наследник на Бан кандидирани се шест мажи и пет жени.
- Има многу жени лидери во националните влади и други организации или во бизнисот, политиката, културата и други сфери. Нема причина да не биде така и во ОН, посочи Бан.
Нема краен рок за номинирање на кандидати за генерален секретар на ОН и се споменуваат имињата на уште две жени - германската канцеларка Ангела Меркел и еврокомесарката за буџет Кристалина Георгиева.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-
Несими останува тетовски муфтија
-
Врховната Рада на Украина усвои закон за воена служба по договор за странци
-
ЛШ: Интер без Димарко и Арнаутовиќ против Манчестер Сити
-
Хезболах го обвинува Израел за експлозиите во Либан, расте бројот на загинати
-
Функционерските таблички во различна боја
-
Осум загинати, 2.750 повредени по експлозиите на пејџери низ Либан