Македонија
17. October 2017 - 14:48

Балетот на мраз „Оревокршачка“ презакажан за 4 декември

Балетскиот спектакл на мраз „Оревокршачка“ од Петар И. Чајковски кој требаше да се одржи на 24 ноември, поради технички причини е презакажан за 4 декември 2017, во Македонската опера и балет со почеток во 20 часот.

Од Прагма продукција известуваат дека купените билети со датум од 24 ноември се важечки и нема потреба да се менуваат за билети со нов датум.

Билети за претставата може да се набават преку продажната мрежа на КупиКартиЗаСе низ цела Македонија, билетарата на МОБ, во Пола Југотон, Југотон, Цвеќара „Розе” - Веро 2, како и онлајн на www.kupikartizase.com. 

„Оревокршачка“ ќе ја изведе Државниот балет на мраз од Санкт Петербург кој минатата година гостуваше во МОБ со балетот на мраз  „Лебедово езеро“.