Бала: Следната недела Прва меѓувладина конференција со Албанија, се надеваме и со Република Северна Македонија
Координаторот на пратеничката група на албанската владејачка Социјалистичка партија и генерален партиски секретар Таулант Бала изјави дека Првата меѓувладина конференција со Албанија „а се надева и со Република Северна Македонија, ќе се одржи следната недела 19-20 јули, што е добра вест“.
Бала учествува на меѓународниот симпозиум Symi што се одржува во Атина а се обратил на панелот „Импликации од војната во Украина – Стратегија за унапредување на членството во ЕУ на земјите од Западен Балкан“, заедно со премиерот на Косово Албин Курти и претставници од другите земји од регионот.
-Но, да не заборавиме дека почетокот на преговорите за членство со уште две земји во регионот не е доволен во новите геополитички услови по неоправданата и неиспровоцирана руска агресија врз Украина, рече Бала.
Во својот говор, според агенцијата Балкан веб, Бала истакнал дека Берлинскиот процес веќе осум години е вистинскиот инструмент за нормализација на односите и соработката меѓу земјите од Западен Балкан а Отворен Балкан е неопходен инструмент за имплементација на терен на четирите основни слободи на ЕУ, гарантирајќи слободно движење на луѓе, стоки, капитал и услуги.
Според Бала, неодобрувањето визна либерализација за косовските граѓани од страна на ЕУ е „уште еден срам за кредибилитетот на ЕУ“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Чомовски, новинар
-
На лекување во странство остануваат 48 повредени во пожарот во дискотеката во кочани
-
Протест во Кочани
-
Конструктивен состанок на лидерите на Вреди, блиску до заеднички настап на локалните
-
ССМ: Ни во синдикалната кошница нема алкохол и цигари, има само одмор во бунгалов во Дојран
-
Затворени четири угостителски објекти во Југоистокот поради недоследности во заштитата од пожари
-
Се зголемува интересот за тутунот кај нас, Македонија втора во светот по Турција за производство на ароматичен тутун
-
Детектирање на проблемот со булингот