Бактерија покрај варичелата причина за смртта на 4-годишното девојче
Од што почина четиригодишнатата Ј.С. на 29 март при транспортот до Клиничкиот центар во Ниш се уште не е утврдено, но неофицијално, прелиминарните брисеви земени при обдукцијата покажале присуство на стрептокока група А.
![J. S. (4) preminula prilikom transporta u KC Niš](http://www.alo.rs/resources/images/0000/040/185/17_1000x0.jpg)
Девојчето боледувало од варичела и имала висока температура, а кобниот ден усните и кожата и посинела, а губела и свест.
Не примаат невакцинирани деца
На вратата од детската градинка „Звончиќ“ осамна известување до родителите дека нема да се примаат деца кои не се вакцинирани во склад со календарот за вакцинација. Исто така родителите чии деца се во градинка, а не се вакцинирани мора да се јават кај избраниот педијатар, се наведува со известувањето.
Станува збор за бактеријата стрептокока бета хомоликус група А, која може да предизвика бројни компликации и болести во организмот како што се сепса, менингитис, заболување на бубрезите...
Стептококата е како бомба во организмот. Тоа е многу инвазивна бактерија. Основниот преглед кај децата при прием во градинка подразбира да немаат стрептокока во грлото и носот, вели проф. д-р Бранислава Коциќ, началничка од центарот за микробиологија, од Институтот за јавно здравје.
Дали присуството на стрептокока придонело за компликацијата на варичелата или пак варичелата која го намалува имунитетот придонела за развој на стрептококата, во овој момент не може да се каже додека не се направи комплетна анализа.
Во градинката „Звончиќ“ во Ниш се наложени превентивни мерки во соработка со педијатри и епидемиолози. Според директорот, надзорот од санитаните инспектори укажал на пропусти во работата.
-Не се забележани санитарно-хигиенски недостатоци. Персоналот е под постојан санатирен надзор и има уредно извршени прегледи, вели тој.
Родителите на починатото девојче и вчера не сакаа да зборуваат со новинарите.
![Vrtić „Zvončić“, u koji je išla J. S.](http://www.alo.rs/resources/images/0000/040/186/18_1000x0.jpg)
Епидемија на варичела во градинакта на девојчето
Во градинката „Звончиќ“ каде одела Ј.С. која ненадејно полина, прогласена е епидемија на варичела. Во Здравствениот дом се прегледани 247 деца, а сипаници се утврдени кај осум од групата на починатото девојче. Децата смеат да одат во градинка, но има засилена контрола зошто постои опасност случаите да прераснат во епидемија, велат од Здравствениот дом.
Ново на Сител
-
Балтичките земји се исклучуваат од руската електро-мрежа
-
Хамас ослободи уште тројца заложници, се очекува пуштање на 183 Палестинци од израелски затвори
-
Приведен лихвар од Битола
-
Тешко повреден работник во каменолом во Росоманско
-
Словаците повторно на протест бараат оставка од Фицо
-
Аморим: Рашфорд не го исполнуваше тоа што го барав
-
Ангеловска-Бежоска: Девизните резерви растат и се повисоки во споредба со периодот пред пандемијата
-
Осомничен за држење автоматска пушка под истрага на ОЈО Струга