-->
-->
Бајрамовска се враќа во репрезентативниот дрес
-->
Селекторот на женската ракометна репрезентација на Македонија, Симе Симовски, денеска ги објави имињата на повиканите 23 ракометарки од поширокиот список за подготовките пред бараж натпреварите за СП 2017 против Шведска.
Меѓу повиканите се најде и Мирјета Бајрамоска којa по неколку години повторно ќе го носи националниот дрес.
На списокот на Симовски се наоѓаат: Наташа Антиќ, Матеја Серафимова, Драгана Петковска, Мирјета Бајрамоска, Теодора Керамичиева, Зорица Десподовска, Дајана Јовановска, Габриела Величковска, Симона Стојановска, Ангела Тодоровска, Душица Ѓорѓијевска, Елена Ѓорѓијевска, Маја Трпковска, Александра Боризовска, Елена Ливриниќ, Јована Саздовска, Сара Митова, Сара Ристовска, Наташа Нолевска, Ивана Гакидова, Сања Дабевска, Стефанија Мишевска, Марија Николиќ.
Првиот собир е закажан за понеделник (29 мај) со почеток од 10 часот во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.
Во баражот за пласман на СП 2017, Македонија првиот натпревар од двомечот со Шведска ќе го игра во СРЦ „Кале“ во Скопје на 10 јуни, додека реваншот е закажан за 13 јуни во Истад.
Победникот од двомечот ќе обезбеди пласман на Светското Првенство што во декември 2017 ќе се игра во Германија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ОН: Еден од најсмртоносните денови за цивилите во Украина годинава
-
ЦУК: Пожар во куќа кај катлоновско Блаце
-
Студенти од Ниш утре пеш тргнуваат за Белград
-
Во Париз демонстрации за женски права
-
24-годишник осомничен за продолжено семејно насилство врз жена и деца
-
Демонстрантките во Турција на Меѓународниот ден на жената бараат заштита од семејно насилство
-
Телефонски разговор Рубио-Сибиха: Трамп сака да стави крај на војната
-
Гостиварец полово ја вознемирувал малолетната ќерка на неговата вонбрачна сопруга