Бајден: Пандемијата на Ковид е завршена
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека пандемијата на Ковид-19 е завршена, во интервју за Си-Би-Ес што беше емитувано синоќа.
– Пандемијата заврши, но сè уште имаме проблем со Ковид, рече Бајден во интервјуто снимено во четвртокот.
– Ако погледнете, никој не носи маска. Се чини дека сите се во прилично добра форма. Работите се менуваат и мислам дека тоа е совршен пример, рече американскиот претседател.
Според податоците на американскиот универзитет Џон Хопкинс, во светот се регистрирани речиси 612 милиони случаи на Ковид 19, а починале повеќе од 6,5 милиони луѓе.
Во САД имаше повеќе од 95 милиони случаи на Ковид-19, а повеќе од еден милион луѓе починаа.
На крајот на август, со вирусот беше заразена и сопругата на Бајден, Џил.
Просечно 390 луѓе сè уште умираат во САД секој ден од компликации откако биле позитивно тестирани за коронавирусот.
САД неодамна одобри две нови вакцини приспособени на доминантната варијанта на вирусот – омикрон.
Ново на Сител
-
Во Белград во сабота ќе се одржи хуманитарен концерт во споменот на загинатите во Кочани
-
ФЗОМ предупредува за сериозна фишинг измама преку лажна веб-страница
-
Украинската државна железница погодена од голем кибер напад
-
ОЈО бара притвор за 44-годишен маж кој украл 10 илјади евра од менувачница
-
Светски ден за борба против туберкулоза, 290 случаи во државава во 2023 година
-
Волц: Веќе се запрени воздушните напади врз руската и украинската инфраструктура
-
Демонстрантите во Истанбул четврта ноќ по ред протестираат против апсењето на градоначалникот Имамоглу
-
Стабилна е состојбата на сите 15 повредени од Кочани кои се хоспитализирани во Бугарија