Бајден: НАТО е помоќен од кога било
Претседателот на САД, Џо Бајден на отворањето на Самитот на НАТО во Вашингтон изјави дека Алијансата е „помоќна од кога било“, бидејќи се соочува со „клучен момент“ во војната помеѓу Русија и Украина.
Бајден предупреди дека „автократите го урнаа глобалниот поредок“ и најави дополнителна воена помош за Киев, која би вклучувала повеќе батерии на моќните американски системи за противвоздушна одбрана од типот Патриот, како и други системи за зајакнување на украинската ПВО.
– Војната ќе заврши со тоа што Украина ќе остане слободна и независна земја. Русија нема да победи, Украина ќе победи, посочи Бајден.
Според Би-би-си „во услови на зголемени повици за негово повлекување од ноемвриските претседателски избори во САД по неговиот слаб настап во телевизиската дебата со републиканскиот кандидат Доналд Трамп кон крајот на минатиот месец, демократот Бајден го искористи својот говор за да ги спротивстави своите надворешнополитички ставови со оние на неговиот ривал“.
Додека Франс прес наведе дека „Самитот е во сенка на Трамп, иако тој не беше присутен, бидејќи многу од сојузниците се загрижени за иднината на НАТО доколку човекот, кој ја нарече Алијансата „застарена“ и се закани дека нема да ги брани тие земји, кои на даваат доволно пари за одбрана.
Ново на Сител
-
АА: Братството со Србија го откри вистинското лице на оваа Влада
-
Ердоган: Нетанјаху ќе биде запрен како Хитлер
-
Царинската управа ќе работи на воспоставување на нов граничен премин Клепало
-
Музиката може да поттикне побрз раст и развој на растенијата
-
Јаневска: До крајот на мандатот услови за едносменска настава во сите училишта и ангажирање на 3000 вишок наставници
-
Фудбалски тим од третата грчка лига останал без опремата додека со траект патувал од Крит за Атина
-
„Јутјуб“: Кусите видеа ќе траат до три минути
-
Истражување: На кучето треба полека да му се говори