Бајден ќе ја укине одлуката на Трамп за забрана на трансродови лица да служат во армијата
Американскиот претседател Џо Бајден се очекува денеска да ја поништи одлуката на претседателот Доналд Трамп според која трансродовите лица имаа забрана да служат во американската армија.
Забраната на Трамп, која постојано беше исмевана од ЛГБТ активистите и беше наречена сурова и ирационална, првпат беше презентирана пред јавноста преку Твитер во јули 2017 година.
Со таа одлука, Трамп го укина претходното одобрување на транссексуалци да бидат ангажирани во американската армија, што го издаде претседателот Барак Обама.
Белата куќа одби да го коментира најавениот план, но минатата недела секретарката за информации во Белата куќа, Џин Псаки најави дека новата администрација ќе ја укине забраната со извршен акт во првите денови на претседателскиот мандат на Бајден, пренесува Си-Ен-Ен.
Ново на Сител
-
Пленковиќ преговара со десницата мнозинство во хрватскиот парламент
-
„Епл“ го отстрани „Телеграм“ од својата интернет-продавница за Кина
-
Д-р Беќаровски заминува од Клиниката за токсикологија
-
ЈСП: Јавниот превоз утре по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
-
Зголемен водостојот на Охридското и на Преспанското Езеро
-
Интер по 20 пат шампион на Италија
-
Три години затвор за германски навивач поради фрлање петарда
-
ЦУК со апел за внимателност поради најавените метеоролошки промени