Бајден: Јасно му ставив до знаење на Израел дека окупацијата на Газа би била грешка
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека јасно му кажал на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека решението со две држави е единствениот начин да се стави крај на израелско-палестинскиот конфликт и дека окупацијата на Газа би била „голема грешка“.
Бајден изјави дека прави се што може за да ги ослободи заложниците кои ги зеде милитантната група Хамас во Газа, но тоа не значи испраќање на американската војска. Бајден рече дека работи напорно на ова прашање и нема да запре додека заложниците не бидат ослободени.
Катар, каде Хамас има политичко претставување, посредува меѓу палестинската исламистичка група и израелските власти за ослободување на повеќе од 240 заложници.
Претседателот Бајден истакна дека Израел влезе во најголемата болница во Газа, Ал Шифа, со ограничен број вооружени војници и не ја подложи на масовно бомбардирање.
„Им беше кажано… разговаравме за потребата да бидат крајно внимателни“, рече Бајден, додавајќи дека Израел има обврска да биде што е можно повнимателен во таргетирањето цели.
Бајден, сепак, рече дека е нереално да се очекува Израел да ги прекине своите воени акции, со оглед на заканите од високи претставници на Хамас дека ќе изврши нов напад врз Израел.
Ново на Сител
-
Прва жена фоторепортер | Maja Јаневска | ПРОфесија | Sitel Podcast 092
-
Промоција на македонски вина и вински туризам утре во Тирана
-
ОЈО поведе истражна постапка против скопјанец кој со мотоцикл удри 10-годишно девојче на пешачки премин во Чаир
-
Макрон по средбата со Зеленски: Украина е подготвена за безусловен прекин на огнот
-
Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи
-
Путин: Курск е целосно ослободен
-
Зеленски и Трамп ќе имаат уште една средба во Рим
-
Кривична пријава против три лица од Гевгелија осомничени за криумчарење мигранти