Бајден и Макрон во следните денови телефонски ќе разговораат за подморничката криза
Портпаролот на француската Влада, Габриел Атал, изјави американскиот претседател Џо Бајден побарал да има телефонски разговор со францускиот претседател, Емануел Макрон, откако Франција го отповика својот амбасадор во САД заради „торпедирањето“ од страна на Вашингтон на договорот за изградба на француски подморници за Австралија, јави дописникот на МИА.
Атал за БФМТВ уверува дека телефонската врска двајцата претседатели е закажана „за следните денови“, на барање на американскиот претседател, за да разговара за кризата на австралиските подморници.
-Влогот е повеќе стратешки отколку комерцијален, уверува портпаролот.
Макрон ќе бара појаснување. „Сакаме објаснувања за тоа што изгледа како голема повреда на довербата“.
Портпаролот зборуваше и за „моментот на шок и легитимен гнев“, но уверува дека владата сега сака „да најде начин за да оди напред со партнерите“.
-Без доверба, тоа не функционира, потсети тој.
Франција во петокот ги отповика своите амбасадори во САД и Австралија, што е одлука без преседан меѓу овие два историски сојузници. Франција ги обвинува САД дека торпедирале профитабилен договор за француската поморска индустрија, кој предвидувал изградба на 12 конвенционални подморници во Австралија. Но, Канбера на крајот претпочита договор со САД и Велика Британија, обезбедувајќи си подморници со нуклеарен погон.
Ново на Сител
-
Павловски: Македонија треба да биде прва во Европа по крипто бизнисот за да се развие
-
Таравари го свика партиското раководство
-
Тема на денот со Крис Павловски
-
Таравари на излезна врата - Ќе го следат ли сите пратеници
-
Кошта во посета на Западен Балкан
-
Напредок има, но другите земји растат побрзо од нас - Корупцијата е најголем проблем!
-
Пресудата за пожарот во модуларната болница во петок
-
ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Филипче молчи за златната виза?