Свет
15. October 2020 - 9:28

Бајден и демократите собраа рекордни 383 милиони долари во септември за изборната кампања

Кандидатот за претседател на САД, Џо Бајден и неговата Демократска партија собраа рекордни 383 милиони долари за кампањата во Белата куќа.

Кампањата сега има дури 432 милиони долари во готовина, според нејзиниот менаџер Џен О’Мали Дилан.

Донациите за Бајден се зголемија откако тој обезбеди номинацијата на демократите.

За време на првичните избори, поранешниот потпретседател се бореше да собере средства и беше речиси банкротиран кога победи во Јужна Каролина. По неколку месеци, дарежливите донации и малата потрошувачка му овозможија на Бајден да го надмине својот републикански ривал, Доналд Трамп.

Во август, демократскиот табор собра 364 милиони долари.