Бајден денеска ги претставува мерките за спречување на вооруженото насилство во САД
Американскиот претседател, Џо Бајден, денес ќе претстави серија мерки насочени кон борба против вооруженото насилство, спроведувајќи го предизборното ветување за воведување построги ограничувања за носењето оружје, пренесуваат американските медиуми, повикувајќи се на анонимен извор запознат со плановите.
Бајден се очекува да ги соопшти построги прописи кои вклучуваат елиминација на пазарот за таканаречено импровизирано оружје, како и построги проверки на лицата кои купуваат оружје.
Во САД, огненото оружје што се прави дури и дома, на пример недовршен пиштол, без сериски број, според сегашниот закон може да се продава без безбедносна проверка.
Бајден, исто така, планира да номинира свој кандидат за шеф на Агенцијата за алкохол, тутун и огнено оружје (АТФ), кој ќе биде клучен во спроведувањето на законите за оружје. АТФ нема директор од 2015 година, а во моментов агенцијата е предводена од в.д. директорката Регина Ломбардо.
Бајден се соочува со зголемен притисок да воведе строги ограничувања за носењето оружје по серијата престрелки низ САД во последно време, во кои настрадаа многу луѓе.
Ново на Сител
-
Три вработени во ЈСП Скопје обвинети за проневера од 23 милиони денари
-
Уапсен Илир Мета, поранешен претседател на Албанија и лидер на Партијата на слободата
-
Министерот Трипуновски потпиша договор со Управата за хидрометеоролошки работи за користење на финансиска поддршка од 1.000.000 денари
-
Околу двесте лица вакцинирани од утрото во поликлиника „Бит Пазар“
-
Трамп за Волстрит Журнал: На Путин му реков дека ќе го гаѓам центарот на Москва доколку ја нападне Украина
-
Неизвесен за натпреварот со Порто - Борозан нападнат од кучиња скитници
-
Уапсени две лица барани од Интерпол-Австрија и Интерпол–Словачка
-
Намалување на цените на горивата