Свет
24. October 2020 - 9:28

Бајден: Бесплатна вакцина за сите Американци ако бидам избран за претседател

Демократскиот кандидат за претседателските избори во САД, Џо Бајден, денес вети дека, доколку биде избран за претседател, вакцината против коронавирусот ќе биде „бесплатна за сите“ во рамките на неговиот национален план за борба против пандемијата.

„Кога имаме безбедна и ефикасна вакцина, таа треба да биде бесплатна за сите, без разлика дали сте осигурани или не“, рече Бајден, кој зборуваше 11 дена пред претседателските избори.

Актуелниот претседател Доналд Трамп, кој според анкетите стои послабо од Бајден, исто така, сака идната вакцина против вирусот, која би можела да биде готова во следните недели, да биде бесплатна.