Loading Video...
Кошарка
28. јуни 2022 - 18:03

Баиќ вечерва ќе „пресече“, кои 12-мина патуваат на мегдан против Шпанија

Сениорската кошаркарска селекција на Македонија вечерва го направи и последниот тренинг пред утрешното заминување за Сарагоса каде во четврток ќе и гостуваат на Шпанија во претпоследниот натпревар во квалификациите за СП. 
 
Мини подготовките во СЦ Борис Трајковски кошаркарите ги завршуваат вечерва. И во овој циклус  од  квалификациите селекторот Баиќ неможе да смета на неколкумина стандардни првотимци, па шанса ќе добијат помладите. 
 
Но тоа од друга страна радува, бидејќи ќе можеме да видиме колку и на кого од помладите ќе можеме да сметаме во иднина. Американското искуство од Универзитетската лига ќе треба да го потврди и Андреј Јакимовски кој веќе неколку пати беше дел од сениорската селекција
 
По вечерашниот тренинг сечлекторот Баиќ ќе треба да реши кои двајца играчи од 14-мината кои ги има на располагање, остануваат во Скопје, а кои одат на мегдан на Шпанија. 
 
Кошаркарите утре преку Истанбул и Мадрид, патуваат за Сарагоса каде на во петок (1 јули) ќе го одиграат натпреварот против Шпанија, додека во последната рунда веќе во понеделник, во Скопје, ја пречекуваме селекцијата на Украина.