Багдад не сака турски војници во операцијата за преземање на Мосул
Багдад ги отфрли плановите на Турција за учество на нејзини сили во операцијата за ослободување на ирачкиот град Мосул од џихадистите од терористичката група Исламска држава, соопшти денеска Министерството на надворешни работи на Ирак.
- Багдад ги гледа изјавите на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган по повод воената операција во Мосул, како непрекинато мешање во внатрешните работи во Ирак и занемарување на доборсоседските односи меѓу двете земји, изјави Ахмад Џамал, претставник на ирачкото Министерство за надворешни работи.
Како што наведе Џамал, борбата за ослободување на Мосул од ИД, ќе биде операцијата во кој ќе учествуваат главно ирачки сили.
Како што јави ТАСС, ирачкото Министерство нема никаква намера воената кампања за ослободување на Мосул да ја претвора во регионален настан.
Џамал додаде, дека ирачките власти нема да дозволат претстојната воена операција да се претвори во арена за изјаснување на односите меѓу раководствата на различни држави.
Во текот на изминатата недела, турскиот претседател Ердоган неколкупати посочи дека турските војници може да бидат вклучени во составот на силите, кои ќе учествуваат во операцијата за преземање на Мосул од ИД.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Славица Арсова, директорка на Клиника за психијатрија
-
Пет пациенти кои се лекуваат во странство се во критична состојба
-
Од утре почнува исплатата на итна и првична помош за семејствата зафатени од несреќата во Кочани
-
ЗЕЛС: Координирана вонредна контрола во сите општини
-
Уапсени 17 лица кои пуштале музика во 7 дневна жалост
-
Владата апелира да се избегнува каква било политизација на случајот
-
Охриѓани им оддадоа почит на жртвите
-
ТППЕ Охрид - Голема е опасноста од блоковски пожари