Loading Video...
Фудбал
19. March 2021 - 13:42

Баерн – ПСЖ и Реал – Ливерпул, супер парови во четвртфиналето на Лигата на шампионите

Актуелниот еропски првак минхенски Баерн ќе има тежок пат до одбраната на титулата во Лигата на шампионите.  
 
Германците во четвтфиналната рунда за противник ќе го имаат францускиот ПСЖ, а доколку успејат да ја минат таа пречка тогаш во полуфиналето би играле со победникот од двомечот меѓу Манчестер Сити и германскиот ривал Борусија Дортмунд. 
 
Супер интересен се очекува да биде шпанско-англиската пресметка меѓу Реал и Ливерпул која ќе започне со мечот во Мадрид. 
 
Победникот од овој „двобој„ во полуфиналето за противник ќе го има подобриот од пресметките меѓу Порто и Челзи.
 
Првите натпревари од четвртфиналето во ЛШ ќе се играат на 6 и 7 април, додека реванш дуелите на програмата се една недела подоцна (13 и 14 април).