Бизнис
14. September 2016 - 21:45

„Баер“ го купи „Монсанто“ за 66 милијарди долари

Германската фармацевстка компанија „Баер“ го купи американскиот производител за генетски модифицирано семе „Монсанто“ за 66 милијарди долари.

Купопродажниот договор е потпишан денеска според кој „Баер“ треба да плати 128 долари по акција.

Тоа е најголем договор за преземање оваа година.

Договорот предвидува формирање на компанија која би контролирала повеќе од 25 проценти од светскиот пазар за семиња и пестициди во оваа брзорастечла индустрија.