Кошарка
11. May 2017 - 9:13

Бадел не ја дава шампионската титула

Кошаркарките на Бадел ја одбранија шампионската титула на Македонија откако во финалето од плеј офот ги совладаа кошаркарките на Вардар со 3-0 во победи. Синоќа во третиот натпревар од финалната серија Бадел оствари победа од 73:43. На првите два дуела Бадел победи со 68:45 и 78:45.
Најефикасна на дуелот беше Нена Трајчевска со 17 поени и воедно го доби признанието МВП на финалето, додека Александра Лазаревска постигна 10 поени, двете од редовите на шампионот. Кај Вардар Симона Деловска постигна 13 поени.
За Бадел ова беше четврта титула освоена во серија, а вкупно 12.та. Кошаркарките на Вардар оваа сезона покрај играњето во финалето на плеј офот го освоија пехарот во Купот на Македонија.